Холандската Амбасада го одбележа крунисувањето на Вилем Александар

Од:

Со полагање заклетва пред членовите на двата дома на холандскиот Парламент, престолонаследникот Вилем Александар и официјално го презеде престолот од неговата мајка кралицата Беатрикс. Со тоа Холандија по речиси 130 години доби крал.

Холандската амбасада во Скопје денеска организираше следење на церемонијата по повод преземањето на тронот од страна на Вилем Александар, што се одржа во Амстердам. На церемонијата, која ја следеа министри во Владата, претставници на невладиниот сектор, угледни гости, претставници на дипломатскиот кор, како и членови на холандската заедница во Македонија, се обрати холандската амбасадорка Мариет Шурман која се осврна на кралската традиција во Холандија.

– Денеска е посебен национален ден и последен ден на кралицата. Утрово во 10.07 часот кралицата Беатрикс абдицираше и од тој момент нашиот принц стана крал. Во Холандија имаме традиција на абдикации бидејќи кралиците и кралевите имаат право на пензија. По 130 години Холандија има крал, рече амбасадорката Шурман.

Синоќа во своето обраќање до нацијата 75-годишната Беатрикс изјави дека отстапува од должноста бидејќи чувствува дека нејзиниот син е подготвен да го преземе престолот.

Кралицата Беатрикс, која владее со Холандија 33 години на престолот дојде 1980 година по абдикацијата на нејзината мајка, кралицата Јулијана, која пак владеела со земјата 31 година. Беатрикс е шести владител од династијата Оранџ-Насау која владее со Холандија од почетокот на 19 век.

Вилем Александар е првиот крал на Хландија по Вилем Трети кој почина 1890 година. Тој има 46 години и е татко на три деца.

Свеченоста во Амстердам ја следеа неколку стотици ијлади луѓе, меѓу кои и посетители од други земји, а за безбедноста беа ангажирани 12.500 полицајци.

Холандија по свеото уредување е уставна парламентарна монархија, и улогата на кралот е строго протоколарна, но граѓаните се силно приврзани за кралското семејство.

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски