Хелсиншкиот комитет: Констатирани сериозни нарушувања на слободите и правата на граѓаните

Од:

Соодветно на својата мисија да врши мониторинг на состојбите со човековите права и слободи во РМ, Хелсиншкиот комитет секоја година објавува Годишен извештај во кој ги изнесува своите ставови и мислења по однос на сите области во кои човековите права и слободи биле засегнати. Извештајот за 2012 година претставува воедно и сублимат на работата на Комитетот во текот на целата година од аспект на следење на човековите права и слободи, а за кои известувавме во месечните извештаи.

Оценката е дека во 2012 година беа констатирани сериозни нарушувања на слободите и правата на граѓаните како и драстични повреди на принципот на владеење на правото и правната држава. Притоа, она што особено загрижува е дека во извештајната година регистрираните повреди на човековите права и слободи укажуваат не само на системски проблеми во функционирањето на органите и институциите туку и на злоупотреба на нивните надлежности. Годишниот извештај претставува сублимат на анализи за констатираните состојби со човековите права во следните области:

• Судство • Законодавство • Полициско постапување • Лустрација • Дискриминација • Слобода на медиуми и слобода на изразување • Затворени установи • Економски и социјални права • Граѓански и политички права и слободи • ЛГБТ Заедница

Ценејќи дека Уставот и ратификуваните меѓународните договори ја гарантираат можноста за остварување и заштита на слободите и правата на луѓето, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да ги следи состојбите со човековите права и да врши нивна промоција и да обезбедува правна заштита на граѓаните чии права и слободи се повредени.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска