А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Хелсиншки: Зголемена опасност од илегални премини на границата и криумчарење луѓе

by А1он26/11/2015 - 15:04143
Share0

Хелсиншкиот комитет за човекови права го објави неделниот извештај за состојбата со бегалците на граничните премини во Гевгелија и Куманово, за периодот од 16 до 22 ноември.

Добивај вести на вибер

Гевгелија
Просторни капацитети и услови

Започнато е постепеното проширување на физичките капацитети во кампот.
Покрај организациите кои имаат редовно присуство, повремено се појавуваат и нови организации, кои најчесто доаѓаат за делење на храна, чај и облека меѓу бегалците.

Институционално постапување

Се случуваат повремени турканици при распоредувањето на бегалците, најчесто поради јазичната бариера, бидејќи не ги разбираат наредбите на службените лица за одржување на редот. Неколкуте такви недоразбирања беа мирно разрешени, без употреба на сила.
Документи за регистрација не се издаваат на сите бегалци кои поминуваат низ кампот.

Сѐ уште не се издаваат фискални сметки за билетите во возот, а цената на билетот е сѐ уште 25 евра, исто колку што чини превозот со такси или автобус.

Се зголемува потребата од топла облека и греење во кампот, особено во ноќта кога има пониски температури.

Кон средината на неделата, започна дискриминаторска селекција на бегалците врз основа на нивната земја на потекло од страна на Словенија. Ваквата пракса како верижна реакција се одрази на сите гранични премини на балканската рута. Како последица на тоа, низ Република Македонија се пропуштаат само бегалци кои потекнуваат од Сирија, Авганистан и Ирак, а бегалци со документи за потекло од други земји не се пропуштаат.

Вакват пракса придонесува голем број бегалци да бидат задржани во меѓу-граничниот простор. Тие преку протест го изразуваат својот револт и одбиваат да примаат храна и хуманитарна помош.

Дополнително, се зголемува опасноста од илегални прминувања на државните граници, кои веќе се забележуваат, што повторно води кон појавата на криумчари и ја загрозува безбедноста на бегалците. Така, кон крајот на неделата е пријавен настан кај Катланово, при кој биле ограбени двајца марокански државјани, кои илегално влегле во Република Македонија. Ограбувачите, со огнено оружје и им украле 300 евра и патни исправи.

Наметнувањето на терминот „економски мигранти“ и неговата широко распространета употреба вклучително и од државните институции и медиумите, претставуваат паушално прејудицирање за статусот на бегалците, кој не може да биде утврден пред индивидуално да се испита секој случај.

Поради зголемувањето на бројот на луѓе кои остануваат во меѓу-граничниот простор, често има потреба од медицинска интервенција (онесвестување, изнемоштеност, срцеви удари и слично). Екипите на Црвен крст успешно интервенираа во неколку ситуации, но тоа не е доволно. Чести се и ситуациите кога се разделуваат семејства, па настанува паника и вознемирување. Поради непропуштањето на бегалците, зголемено и е присуството на полициски служби на граничниот премин.

Куманово
Просторни капацитети и услови

Активно се работи на проширување на кампот во Табановце. Дел од објектите се веќе поставени, но се уште не се пуштени во употреба. Со проширувањето, капацитетот на кампот ќе се зголеми на 960 луѓе во седечка положба.

Бегалците постојано се жалат на условите во возовите, каде и покрај тоа што плаќаат карта од 25 евра принудени се да седат на подовите.

Институционално постапување
Кон средината на неделата (18.11.2015), на српската граница започнаа да се селектираат бегалците, односно да се пропуштаат само тие кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак, а да не се пропуштаат оние од Бангладеш, Иран, Мароко и други земји. Се забележува тензија меѓу бегалците и зголемено полициско присуство на теренот.

Полицијата интервенираше кога жена, придружена од својот маж и дете, изгубила свест. Жената веднаш била пренесена во кампот, каде ѝ била укажана медицинска помош и била пренесена со медицинско возило до болница.

helsinski

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска21/10/2022 - 20:2821/10/2022 - 22:50

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска09/08/2022 - 13:38

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска10/09/2021 - 13:47

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска05/07/2021 - 14:4305/07/2021 - 14:57

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска17/06/2021 - 14:34

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска01/06/2021 - 13:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен