Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Од:

Негативната „традиција“ бројот на пријавените злосторства од омраза вообичаено да надминува три цифри, од кои злосторствата на етничка и политичка основа се особено бројни, продолжи и во текот на пандемиската 2020 година, соопшти денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Комитетот, се наведува има регистрирано вкупно 104 вакви инциденти.

– Инцидентите беа регистрирани веднаш по нивното пријавување од страна на медиумите или Министерството за внатрешни работи. Истовремено, 37 инциденти (36 проценти) беа потврдени, додека 67 (64 проценти) сè уште се непотврдени. Повеќето непотврдени случаи се поврзани со ситуации каде според другите индикатори постои основа за верување дека овие пристрасни инциденти се мотивирани од етничката припадност на жртвата, појаснуваат од Хелсиншиот комитет.

Под „злосторство од омраза“ во извештајот се подразбира злосторство мотивирано од нетолеранција, односно предрасуди кон одредена група во општеството. Следствено, се вели во соопштението, секој може да биде жртва на злосторство од омраза, иако најчестите жртви се членови на ранливите заедници.

– Злосторствата од омраза најчесто се насочени кон членови на различна етничка заедница, религиозни или свети објекти, Роми, сексуални малцинства и внатрешно раселени лица, се посочува во соопштението.

Методологијата за пријавување на злосторствата од омраза применета во извештајот, стои во соопштението од Хелсиншопт комитет, се состои од учење од минатите искуства и податоци, одржување интерактивна веб-страница за пријавување на злосторства од омраза, мониторинг на националните печатени и електронски медиуми и пријавување и двојна проверка на злосторствата и инцидентите од омраза со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Неопходно е инкриминирање на фемицидот во Кривичниот законик

Ана Ололовска