Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија организира прослава по повод 20 години од постоењето на Комитетот која ќе се одржи на 18ти декември 2014 (четврток) во хотел Арка со почеток од 18 часот.
Комитетот веќе две децении континуирано работи на унапредување, заштита и промоција на човекови права и слободи. За таа цел на прославата ќе биде прикажан краток документарен филм за работата на Комитетот, по што ќе следува музичка програма и коктел.