Хелсиншки комитет: Работниците не веруваат дека синдикатите можат да ги заштитат

Од:

Работниците во земјава не ги уживаат своите права. Законската регулатива за оваа сфера е проблем, но, не основен, иако таа е сложена, непрецизна, расфрлена во повеќе закони. Сепак, најголем проблем е праксата, лошото или несоодветно колективно договарање и отсуство на социјален дијалог, неинформираноста на работниците, неефикасноста на институциите… Работниците, најмала доверба во процесот на заштита на нивните права имаат во синдикатите.

Ова се резултатите од направените анализи на Хелсиншкиот комитет за човекови права, кои беа презентирани на денешната прес-конференција. Притоа беше посочено дека станува збор за две одделни анализи, од кои едната се однесува на стандардите за работничките права и нивната примена, а другата на задоволството на работниците од механизмите за заштита на нивните права.

Мирјана Најчевска од Хелсиншкиот комитет истакна дека законската регулатива е проблематична, но не основна пречка за остварување или заштита на правата на работниците. Сепак, рече, треба да се допрецизираат одредбите, да се дефинира улогата на синдикатот, да има прирачник за користење на законите особено од страна на синдикатите, како и концентрација на заштитните механизми.

Во Колективните договори, потенцира, треба да постои посебен дел со целосно прецизирани процедури за заштита на правата на работниците, да се овозможи и заштита од виктимизација, особено на оние кои ќе се одлучат да пријават повреда на право. Исто така, повредата на правата на работникот, треба работодавачот да го чини повеќе отколку да го заштити. Според Најческа, еден од поголемите проблеми е и информирањето на работниците.

– Не значи дека сте го информирале работникот ако му посочите или му го дадете законот или пак му огласите на огласна табла. Тие треба да бидат навистина информирани и за правата, и за повредата и за начините на кои може да се заштитат, рече таа.

Кире Василев, кој е еден од изготвувачите на анализата за задоволството од механизмите за заштита, вели дека истражувањата им покажале оти работниците се најнезадоволни или имаат најмала доверба во синдикатите. Потребен е нов закон за синдикати, кој ќе биде попрецизен, но и постојана обука на синдикалците, кои и покрај волја или желба, поради незнаење честопати не можат да ги заштитат работничките права.

Василев додаде дека работниците незадоволство искажале и од Градскиот и од Државниот инспекторат за труд. Оваа институција, рече, и сега има недоволна екипираност, но се соочува уште се поголем проблем, бидејќи, како што што, рече околу 40 отсто од инспекторите се на возраст блиску до пензионирање. Исто така, според Василев, спорен е и малиот број направени инспекции односно 1,2 инспекции по инспектор на ден. Најмало незадоволство, работниците искажале во однос на поддршката што ја добиваат од невладините организации.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска