Хелсиншки комитет: Полицијата ги прекрши законите во немирите во Ѓорче Петров

Од:

Во својот најнов изваштај за април и мај, Хелсиншки комитет за човекови права утврдува дека во немирите што се случија по убиството во Ѓорче Петров на 19 и 20 мај, полицијата употребила прекумерна сила врз малолетни лица

„При првиот судир помеѓу демонстрантите и полициските службеници на раскрсницата, дел од кордонот на полициски службеници заостана во обид да приведат околу 5 лица додека нивните колеги ја истиснуваа толпата назад кон населбата Ѓорче Петров. Неколкумината полициски службеници се обидоа да доведат во послушност и да приведат неколку лица при што употребија гумени палки. При овој настан прекумерна сила беше употребена против малолетно лице кое се обидуваше да се оттргне од настаната ситуација. Поради овие причини граѓаните кои ја набљудуваа ситуацијата притрчаа да им помогнат на овие лица по што малата група на полициски службеници беше приморана да ги пушти поради немање доволна поддршка од нивните колеги кои се справуваа со друг дел од толпата. Еден од набљудувачите му пристапи на малолетното лице врз кое беше употребена несразмерна сила. Детето посочи дека не чувствува особена болка и дека не му е потребна лекарска помош.

Во вториот случај при истиснување на толпата во текот на речиси 4 часовните судири, дел од ЕБР се упатија кон една локална продавница од која изнесоа едно лице за кое што според наводите на присутните граѓани е приведено поради навреда на полициски службеник. Наводно лицето гласно изјавило дека ЕБР треба вака да се однесуваат во с. Радуша. При четиричасовното истиснување и растурање на демонстрантите полицијата примени штитови, димни бомби, топовски гранати, гумени палки и физичка сила.“, стои во извештајот на Хелсиншки

Во врска со одземањето на материјалите на неколку новинарски екипи, Хелсиншки комеитет констатира дека полицијата го прекршила на членот 16 од Уставот на РМ преку кој се гарантира слободата на јавното информирање, примање и пренесување на информации и се забранува цензурата.

„Комитетот уште еднаш потсетува дека не се исполнети условите од член 57 од Законот за полиција бидејќи во него се утврдува дека вакво одземање може да се случи само со наредба на суд или кога за тоа постојат основи за сомневање дека се работи за предмет на кривично дело, прекршок или имотна корист прибавена со кривично дело или прекршок кој може да служи како доказ во постапката, заради заштита на општата безбедност или на лице на кое привремено му е ограничена слободата на движење, а поседува или може да употреби предмет за самоповредување, напад или бегство.

Впрочем, во конкретниот случај се работи за своеволно уништување на лична сопственост без за тоа да постои судска одлука“, стои во извештајот на Хелсиншки.

Во својот најнов извештај, Хелсиншки нотира 28 инциденти сторени од омараза, полициска бруталност вр малолетни деца Роми.

За завршните зборови на јавното обвинителство во случајот „Монструм“, Хелсиншки констатира дека излегуваат од законската рамка за концептот на завршни зборови во кривичната постапка.

Хелсиншки апелира до обвинителството и до медиумите да ги почитуваат професионалните стандарди во нивното работење, да ги надминат тенденциите на влијание на националистичките политики и да не бидат соучесници во предизвикување меѓуетничка тензија и нетрпеливост, која лесно може да ескалира во сторување дела од омраза.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска