Хелсиншки комитет ќе бара Тодоров кривично да се гони

Од:

Извор: Мета
Од Хелсиншки комитет не отстапуваат од намерата да поднесат кривични пријави против директорите и против членовите на Управниот одбор на Фондот за здравство, за несовесно работење во службата, а доколку се согласи семејството на Тамара, ќе бараат кривично да се гони и министерот за здравство.

– Во конзилијарното мислење за Тамара Димовска, имало назнака „итност“ на документите од Клиниката за ортопедија, спротивно на тврдењето од Фондот за здравство, од каде пред три дена рекоа дека случајот не бил третиран како итен – изјави на прес-конференција Уранија Пировска, претседателка на Хелсиншки комитет.

Во документите, се гледа предлогот на лекарите од ортопедија девојчето да се упати на лекување во странство, поради неможност за таква интервенција во земјава. Од Хелсиншки комитет за човекови права велат ова е уште еден доказ дека институциите сакаат да избегнат одговорност за смртта на деветгодишната Тамара.

Тамара почина во понеделникот додека чекаше институциите да ги завршат административните процедури за таа да може да замине на операција во странство.

По неколкудневно известување од медиумите за случајот на Тамара и за другите кои чекаат одобрување од ФЗО, вчера Фондот попушти под притисокот од јавноста и одобри пари за две девојчиња кои со месеци чекале одговор.

Мартина Стојковска ќе оди на операција во Турција. Нејзиното семејство два месеца беше во неизвесност дали нивното девојче ќе добие соодветен медицински третман бидејќи лекарите во земјава не успеаја да го сопрат прогресот на сколиозата. За пет години, колку што е констатиран деформитетот на ’рбетниот столб, искривувањето е зголемено од 28 на 105 проценти.

Второто девојче е Стефанија Петрова. Нејзината операција во Бугарија чини 14.000 евра и ќе биде на товар на државата.

Семејството денеска го добило позитивниот одговор.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска