Хелсиншки комитет: Етничката и политичката придадност, најчестите основи за дискириминација

Од:

Најчести основи по кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се етничката и политичката припадност, здравствениот статус, полот и попреченоста, покажува годишниот информатор за дискриминација на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој ги претставува збирните податоци добиени од здруженијата на граѓани и институциите во областа на дискриминацијата во 2016 година.

Како најчести области во кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани, пак, се се работните односи, здравството, образованието и пристапот до добра и услуги.

– Во делот на покренување на свесноста за постоењето на дискриминацијата најактивни се здруженијата на граѓани, поради што сметаме дека е неопходна проактивност од страна на институциите во делот на превенцијата и заштитата од дискриминација, особено од страна на Комисијата за заштита од дискриминација. Сметаме и дека јавните функционери мора да започнат со осуда на дискриминаторскиот и вознемирувачки говор во медиумите, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Истакнуваат дека системите за собирање податоци на надлежните институции за заштита од дискриминација се уште немаат разделена статистика за случаите на дискриминација. Во овој дел, од Комитетот препорачуваат судовите да започнат да водат разделена статистика за судските постапки иницирани за заштита од дискриминација, а Народниот правобранител да почне да води одвоена статистика за случаите на соодветна и правична застапеност и случаите на дискриминација.

Хелсиншкиот комитет препорачува и донесување измени на Законот за спречување и заштита од дискриминација во најбрзо време, кои сметаат дека ќе овозможат поголема ефикасност во целокупниот систем за заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска