Хелсиншки: Директорот на комуналниот инспекторат врши мобинг и полова дискриминација

Од:

Хелсиншкиот комитет укажува дека законската одредба од Законот за работните односи со која само на мажите им се дава можност да го продолжат догововорот за вработување до 67 години, претставува директна дискриминација врз основа на пол.

Хелсиншкиот комитет остро ги осудува мобингот и директната дискриминација извршени од страна на директорот на Државниот комунален инспекторат по однос на возраст и политичка приапдност, се вели во извештајот на организацијата која наведува конкретен случај на дискриминација.

„До Хелсиншкиот комитет се обрати странка која е во редовен работен однос во Државниот комунален инспекторат, распоредена на работно место советник, на која и престанува работниот однос со ден 30.05.2016 година, а поради навршување на 64 години возраст и најмалку 15 години работен стаж. На 05.01.2016 година согласно член 104 од Законот за работните односи, странката поднела изјава за продолжување на работен однос заведена под број 04-09/1 и побарала да и биде продолжен работниот однос во Државниот комунален инспекторат за наредната година,односно изјавата ја дала во тековната 2016 година за продолжување на работниот однос вонаредната 2017 година о дпричина што условите за пензионирање по сила на закон ги исполнува комунален инспекторат донел решение 04-09/2 од 05.01.2016 година со кое на странката и се продолжува работниот однос. Постапувајќи по добиена претставка, Државниот управен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во Државниот комунален инспекторат пошто донел решение со кое го задолжил директорот на Државниот комунален инспекторат да ја преиспита постапката по донесеното решение за продолжување на работниот однос за наредната година. Постапувајќи по решението на Државниот управен инспекторат, директорот наДржавниот комунален инспекторат на 26.02.2016 година донел Решение за престанок на работниот однос на странката по сила на закон. Незадоволна од вака донесеното решение странката го обжалила истото во законски определениот рок. Жалбата на странката била одбиена одвторостепениот орган, а нападнатото решениена Државниот комунален инспекторат било потврдено. Незадоволна од вака донесеното второстепено решение странката пуштила тужба до надележен суд, која сеуште не е процесирана и земена во работа“, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска