Специјалниот пратеник за Македонија од Германија, Јоханес Хајндл утре повторно доаѓа во Македонија. Тој ќе се сретне со лидерите на четирите партии потписници на Пржинскиот договор.
Тој претходно нагласи дека Специјалното јавно обвинителство мора да има обезбедено непречена работа, а сите осомничени од прислушувањето да одговораат и ги потсети политичките партии дека треба да вложат напор за спроведување на реформите.
Утрешната посета на Хајндл е трета посета на Македонија.