Групна крштевка во водите на реката Бабуна кај Велес

Од:

Во организација на Повардарската Епархија денеска, во водите на реката Бабуна во непосредна близина на Велес се одржа групна крштевка.

Со овој свет чин во православната христијанска вера беа воведени 28 граѓани, од кои 18 од Велес и 10 од Скопје.

Најмладиот кој беше крштеван е едно и полгодишниот Лука Јованов од Велес, а највозрасниот 65-годишниот Бобан Вујичиќ од Скопје, кој се кршевање заедно со својот син и ќерка.

Светиот чин на крштевањето во водите на реката Бабуна го извршија свештеници од Епархијата Повардарска.

– Кршевањето е голем чин за секој граѓанин, кој се воведува во православната христијанска вера и тоа е момент на спојување со Бога. Тоа е воедно, и влез во православната христијанска црква, потенцира за МИА, прота Борис Симоновски.

Како што појаснуваат од Повардарската Епархија, за пофалба е што интересот за групното крштевање во водите на Бабуна кај Велес, веќе осма година кај граѓаните не опаѓа. Воедно, прекинувањето на групното крштевање во Матка, е причина што се’ поголем број граѓани од Скопје доаѓаат на групното крштевање во Велес.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско