Груевски: Владата продолжува со нови мерки и идеи за подобра економија

Од:

Владата постојано ги следи економските случувања во регионот, Европа и светот, реагира веднаш и во континуитет презема максимални мерки за подобрување на состојбата во Македонија, изјави денеска премиерот Никола Груевски по промовирањето на последните 20 изданија од проектот „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“.

Одговорајќи на новинарски прашања, Груевски нагласи дека зајакнување на економијата се очекува во втората половина од годинава. Продолжува поддршката за бизнис секторот преку обезбедување нови кредитини лини со поволни камати.

– Направивме многу работи, многу проекти, многу реформи. Постојано сме во тренд со најновите збиднувања и веднаш преземаме мерки за се што е потребно. Од тој аспект го правиме максимумот и така ќе продолжиме, со нови идеи, со нови мерки. Се надевам дека и во ЕУ, во втората половина од годинава, работите ќе тргнат на подобро и сигурно тоа ќе се одрази и кај нас, рече премиерот.

Тој потсети дека Владата обезбеди неколку кредитни линии од 100 милиони евра за приватниот сектор со ниски и субвенционирани камати. Таква кредитна линија ќе се преземе повторно по исцрпување на сегашната.

– Начелно е договорена нова кредитна линија од 100 милиони евра со субвенционирана камата од 5,5 отсто за сите компании и не случајно оваа кредитна линија веќе ја користат сите компании во Македонија. Од она што го разговарав со банките, сите кредити што ги издаваат се кредити што ги влечат од оваа кредитна линија зашто е најевтина, најповолна и сите компании прибегнаа кон нејзино користење што укажува дека Владата презела правилен потег, потег на време, потег на место. Се додека траат овие збиднувања во Европа ќе продолжиме со подновување на оваа кредитна линија бидејќи таа на некој начин е ревизибилна, истакна Груевски.

Кредитите, како се враќаат, се повлекуваат нови и се олеснува животот на нашите компании во овие, како што рече, тешки времиња на европска должничка криза и последиците што дојдоа од неа.

– Од сите други аспекти се преземени сериозни мерки и продолжуваат и понатаму да се преземаат онаму каде што се детектира дека се потребни, подвлече претседателот на Владата.
Според последните владини оценки и оние на експертите и бизнис заедницата, зајакнување на економијата се очекува во втората половина на годинава. – Тоа во голема мерка зависи од случувањата во ЕУ особено во еврозоната. Подобрувањето таму многукратно ќе се одрази врз Македонија, имајќи предвид дека нашата економија е тесно поврзана со европската, истакна Груевски.

Како што потенцира, стабилизирањето на економската состојба во ЕУ и почнувањето нагорен тренд на економски раст е исклучително важен момент за земјава со оглед дека најголем дел од македонскиот извоз оди во Унијата.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски