Груевски ја прими директорката на СЗО за Европа, Сузана Јакаб

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб.

Средбата, како што соопшти владината прес-служба, се оствари во рамките на активностите за отворањето на Секретаријатот на Здравствената мрежа на земјите од ЈИЕ, кој е со седиште во Скопје.

На средбата премиерот Груевски изрази задоволство од досегашната соработка, реафирмирајќи ја посветеноста и заедничките интереси за реализација на повеќе проекти од регионално значење.
Премиерот истакна дека целта на Владата е здравствениот систем и услугите кои се нудат да бидат достапни за сите граѓани, и во таа насока, досега беа превземени низа мерки и реформи, како што се овозможување на бесплатно здравствено осигурување за секој граѓанин, овозможување на лекување во странство за само 200 евра, овозможување на бесплатно болничко лекување на пензионерите чии примања се под просечните, повеќекратно намалување на цените на лековите и редица други реформи и мерки.

Сузана Јакаб ја истакна исклучително добрата соработка со Владата на Република Македонија како и придонесот кој Владата го дава во насока на подигнување и унапредување на здравствената заштита обезбедувајќи активни мерки за квалитетна медицинска превенција на граѓаните. Беше посочено дека таквите активности и реформи ја вброија државата меѓу најактивните држави членки во регионалната мрежа на Светската здравствена организација.

Особено беше потенциран прогресот кој Република Македонија го направи на полето на превенција и имунизација на граѓаните кој обезбедува нивна ефикасна и навремена здравствена заштита.
Јакаб ги поздрави мерките, напорите и реформите кои ги превзема Владата во полето на здравствениот систем, чекори кои дадоа резултати и овозможија негово значително подобрување и вградување на високи стандарди, кои како што посочи таа треба да ги следат и останатите земји членки од регионот.

Соговорниците изразија подготвеност за продолжување регионалната соработка преку реализацијата на активните мерки на полето на подобрување на здравствената заштита.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО