Груевски: Има прогрес во Претпристапниот дијалог

Од:

Генерално реализацијата на Претпристапниот дијалог се одвива во една добра насока и се надевам дека во септември кога ќе имаме состанок за дијалогот, кога го очекуваме и Штефан Филе, дека ќе се регистрира добар напредок бидејќи во меѓувреме доста работевме, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

– Одевме дел по дел, секоја мерка, секој чекор го разгледавме детално, го коментиравме. Ги кажавме напредоците кои досега сме ги направиле и се разбира она што преостанува во иднина да се направи. Можам да констатирам дека генерално работите се одвиваат во една добра насока и се надевам дека во септември, кога ќе ја имаме следната седница на високиот дијалог, кога го очекуваме и Филе, дека ќе се регистрира добар напредок бидејќи во меѓувреме доста работевме, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот спортски центар во Ново Лисиче, општина Аеродром.

Како што посочи премиерот, вчера со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Стефано Санино имал пријатна средба на која во детали разговарале за сите делови поврзани со оперативниот патоказ.

Тоа, како што рече, вчера го виде и Санино и ни преостанува уште околу месец ипол или два месеца да завршиме некои работи во Парламентот или надвор од Парламентот и официјално да се констатира еден напредок за кој во меѓувреме беше вложено многу труд.

– Тоа беше една корисна средба и за него, да види како одат работите, и за нас да видиме како од нивна перспектива изгледаат нештата кои ги придвижуваме. Тоа беше негова работа посета, работна мисија, контролна мисија во смисла да види како одат работите од претходниот состанок до наредниот, на средината меѓу претходниопт официјален до наредниот официјален состанок на Високиот дијалог, која институција како Висок пристапен дијалог дефинитивно дава добри резултати, констатира Груевски.

Во иднина, посочи премиерот, ќе се продолжи да се работи на напредок, на реформи и на модернизација.

– Не само заради овие обврски што ги преземавме, туку затоа што тоа е добро за Република Македонија. Го подобрува квалитетот на живот, дополнително земјата ја води напред, истакна Груевски. Тој додаде оти ќе продолжат и на други полиња да лобираат за Македонија, во смисла на добивање датум за преговори и доколку, како што рече, другата страна покаже волја и да бараме решение, да се изнајде решение за проблемот кој не кочи на патот на европските и евроатлантските интеграции.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов