Груевски: Грција има две позиции за името, една официјална и една неофицијална

Од:

Грција има две позиции за името, едната е официјална, другата е неофицијална. Официјалната е дека сака да го реши спорот, но дека има определени услови за кои што знаат дека нема да може да поминат во Република Македонија и затоа се така направени условите за да не поминат.

Неформалната е дека сега не се во можност да го решаваат ова прашање, односно дека имаат премногу внатрешни политички и финансиски проблеми за да влезат и во една ваква варијанта на решавање на ова прашање и дека во овој период не треба да се бара тоа од нив, вели премиерот Никола Груевски во интервју за неделникот „Република“.

Но, додава тој, не велат дека не сакаат да го решат или дека не можат да го решат или се против решавање или слично. – Не, реториката е сакаме да го решиме, ама ако владата ги прифати овие услови, за кои што од напред знаат дека која било влада во Македонија нема да ги прифати. Нивната неформална позиција, односно она што државите членки на ЕУ и на сите други кои се вклучени во проблемот како олеснувачи, е всушност дека сега не се во можност да го решаваат ова прашање. Од друга страна не се ниту подготвени да дадат некоја можност Македонија да оди напред во евроинтеграциите, додава Груевски.

Според него, тие го одложуваат решавањето на спорот, како што вели, колку свесно заради лукративни цели, колку заради внатрешни предизвици е ирелевантно, барем на краток или среден рок, но поголемиот проблем е што се однесуваат како палавото дете на ЕУ, кое ако ЕУ не му даде помош, ќе почне да крши по дома и со тоа да ја доведе во прашање иднината на семејството и домот.

– Ние сме заморени од тие игри кои ни ги наметнуваат на меѓусебни обвинувања, да се занимаваме со лаги од типот дека сум се сретнал со Фидел Кастро, како што ширеле во некои центри пред неколку години, а јас истиот ден бев на состанок со Филип Рикер во Скопје, на пример, и слични меѓусебни обвинувања кои не не водат никаде, а најмалку кон решение. Ние сме подготвени за решение, имаме јасно изразени принципи и позиции, и веруваме во нивната исправност, а поткрепа во нив ни е и народот на нашата земја. Ние сакаме државата да оди напред и ќе вложуваме напори да се најде решение, но во контекст на претходно кажаното, потребен е фокус и на останатите земји од меѓународната заедница, за да се одбегне статус квото да прерасне во опасност за регионот, истакнува премиерот Груевски.

Во врска со прашањето дека украинската криза прави некакви поместувања во однос на однесувањето на големите сили по ова прашање тој одговара дека засега нема некои најави за некакви поместувања бидејќи, како што вели, тие на проблемот гледаат со поинакви очи од нас.

– Тие очи се следни, сметаат дека Грција е во преголеми финансиски проблеми и од тие проблеми зависи и судбината на еврото, а тоа е директно поврзана со нивната економска и монетарна судбина. И пред се и над се го ставаат проблемот со еврото и разрешување на кризата и реформите во Грција. Нивната проценка е дека тие вршат голем притисок врз Грција во правец да ги придвижи реформите и да стане самоодржлива и дека дури и тој притисок не можат да го реализираат до крај бидејќи сметаат дека ако го реализираат до крај притисокот, и без притисокот за името, дека може да дојде до пад на грчката влада. И да дојде друга влада која би била повеќе ризична од аспект на економските реформи и задржувањето на еврото. Што значи дури и притисокот што го вршат за реформите во Грција е дозиран и не е целосно реализиран за да не ги нарушат политичките односи во земјата и да дојде, како што понекогаш знаат да кажат, да дојдат на власт анархистите, како што ги нарекуваат од партијата Сириза, со кои им е непредвидливо што ќе се случи со еврото, евентуалното враќање на драхмата и слично, иако и тие се придвижија, во меѓувреме дојде до приближување на нивните ставови, вели Груевски.

Во една таква ситуација, додава, некои од нив знаат да кажат, кога ние не ги притискаме до крај за ова што нам ни е најбитно, не очекувајте дека ќе ги притискаме за вашето, бидејќи и вашето може да води кон влошување на состојбата во таа земја. – Со други зборови, тоа е главната причина зошто Грција во моментот нема некој посериозен притисок за решавање на овој проблем. И тоа е чисто заради интересите на државите од ЕУ. Значи, тие тргаат од нивниот интерес, што е нормално. А нивниот интерес број еден е да се зачува еврото, Грција да ги реши економските проблеми, да стане самоодржлива да ги враќа долговите и еврото да биде стабилно. Стабилното евро значи стабилност на монетарната унија, на Европа и на ЕУ. Тоа е број еден. Откако тоа ќе се реши, ќе може да решаваат други прашања, нагласува премиерот Груевски во интервјуто.
Во однос на барањето за добрососедство со Софија како забелешка за отпочнување на преговорите вели дека Македонија сака да има одлични односи со Бугарија и да продолжиме во еден дух на силна меѓусебна соработка и почитување.

– Претседателот на Бугарија г-нот Плевнелиев кажа дека Македонија не е подготвена да го потпише договорот со текст идентитечен како декларацијата која што истече во 2009 година. Беше потпишана во 1999 со рок на важност од 10 години. Претседателот Иванов одговори дека Македонија е подготвена и дојдоа сигнали дека тоа е во ред и дека ќе се потпише. И сето тоа се одложи за по изборите во Бугарија. Очекувам по изборите во Бугарија договорот што го договорија претседателите Плевнелиев и Иванов, а тоа е потпишување на договорот со истиот текст од Декларацијата, да биде реализиран. Го охрабрувам дијалогот и позитивните трендови кои започнаа преку гестовите на Иванов и Пленелиев. Тоа е одлична база за продолжување на динамичен дијалог по веќе воспоставените принципи и пракса, кој ќе произведе едно взаемно решение за продолжување на воспоставените пракси, вели Груевски и додава дцека Бугарија нема ниту една причина да се сомнева во пријателството на Македонија. – Во тоа јас сум убеден, а времето ќе го потврди, истакнува Груевски.

Во однос на тоа што произлезе како декларација од неодамнешниот берлински самит, пред се делот што се однесува на опозицијата дека мора да може и мора да сака да биде дел од институциите, вели дека во декларацијата има јасно напишана една и единствена реченица на оваа тема, а тоа е дека се очекува од опозицијата своето дејствување и активности да ги прави во Парламентот.

– Мислам дека тоа е многу јасна порака за позициите на ЕУ во однос на дејствувањата на некои опозициски партии во некои од државите, вклучувајќи ја тука и Македонија. За тоа како треба да ја водат својата политичка борба, легитимна политичка борба, без условувања и без дилеми во тој правец. Така што ако некој имал дилема каква е позицијата на ЕУ, а мислам и пошироко на западот по однос на тоа прашање, тоа е јасно. Борбата на опозицијата треба да се сведе во Парламентот, а не надвор од него. Не може да очекува опозицијата дека со бојкот на Парламентот или излегување од Парламентот ќе добие некаква меѓународна поддршка, вели Груевски.

Тој смета дека македонската опозиција во тој поглед има нереални очекувања дека со отсуство од Парламентот, прво дека ќе предизвика симпатии кај граѓаните или пак поддршка од меѓународната заедница.

Според него, симпатии кај граѓаните нема да предизвика од причина што тие добро ги познаваат состојбите во Македонија и се свесни дека мотивите заради кои што опозицијата излезе се нереални, не се базираат на вистинити искази од нивна страна.

– Нивните искази беа дека изборите се нереални, дека резултатите од изборите се фалсификувани, дека немаше фер и демократски избори и дека како резултат на тоа тие го напуштаат Парламентот. Всушност, секому кој што добро ја следи политичката ситуација во Македонија му е јасно дека излегувањето од Парламентот беше алиби на претседателот на СДСМ да се задржи на претседателската функција во партијата. Тоа го заврши, се задржа на таа функција и сега тој бара начин или нема начин како да се врати или не може да најде начин како да се врати во Парламентот бидејќи треба една преодна фаза од таа негова цел до враќањето во Парламентот. Како ќе го изведе тоа, дали ќе го изведе тоа не можам да коментирам, не е моја работа. Гледам дека таму во опозицискиот блок има натпревар во правец кој повеќе ќе биде тврд. Тој натпревар е меѓу оваа групација блиска до Зоран Заев и меѓу групацијата да речеме блиска до Црвенковски, иако и двете имаат иста цел и слично менторство. Битката е кој е потврд и кој ќе се покаже потврд и мислам дека со една силна брзина одат со глава во ѕид. Не знам само кој попрво ќе стигне да удри со глава во ѕид, меѓутоа тоа ќе биде со една сериозна сила, тоа удирање со глава во ѕид, но ќе биде доцна тоа кога ќе го сфатат. За жал, притоа ќе направат штета и за Македонија, истакнува премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он