Груби: Спасовски и Буши подготвени да помогнат во распределбата на административните службеници

Од:

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот заменик Назим Буши разговарал за распределбата на административните службеници вработени преку програмата К5, а кои не се распределени на работни места.

– Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија конечното решение на прашањето за административните службеници кои досега не беа распределени на работни места. Тие изразија подготвеност за соработка и заеднички успех, напиша Груби на својот фесјбук-профил.

Претходно, како што посочува Груби, остварил средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која, според него, исто така изразила подготвеност да помогне и да ја поддржи распределбата на К5 административните службеници.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Ахмети не знае која приказна да ја брани за Груби, нервозата во ДУИ расте

Горан Наумовски

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

Филков: Итно да се провери дали има одговорност кај судијата и обвинителот кои му одредија куќен притвор на Артан Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?