Груби пречека албански репрезентативец: Му честитав на Асани за победите на неговиот национален тим

Од:

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на друштвената мрежа Фејсбук сподели дека утрово го пречекал албанскиот репрезентативец Јасир Асани.

„Му честитав на Јасир за двата одлични настапи во победите на неговиот национален тим, за спектакуларниот гол постигнат против Молдавија и го охрабрив да продолжи со одличната работа во однос на напредувањето во професионалната кариера“, напиша Груби.

Тој додаде дека „Ќе продолжиме да го поддржуваме во секој чекор од неговата кариера, посакувајќи заедно со репрезентативците да стигнат до квалификациите за Европското фудбалско првенство“.

Јасир Фадил Асани е професионален фудбалер кој игра како десно крило за клубот од К Лига 1, Гвангжу ФК. Роден во Македонија, тој ја претставува репрезентацијата на Албанија.

May be an image of 3 people, people playing soccer and text that says 'GRUB'

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста