Груби: Поради непочитување на патната сигнализација на патот Скопје – Блаце се создаваат долги колони автомобили

Од:

Целосната реконструкција на тунелот на патот Скопје – Блаце (границата со Косово) треба да заврши во октомври годинава. Комплетната реконструкција на останатиот дел од патот е завршена. За жал, поради непочитување на патната сигнализација пред тунелот од страна на неодговорни лица, но и поради значително зголемениот проток на сообраќај, се создаваат долги редици од автомобили, напиша вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби на Фејсбук.

-По реакциите и барањата на голем број граѓани, синоќа и денеска ЈПДП разговараше со изведувачот и надзорот. Асфалтирањето на едната лента од тунелот завршува во понеделник. Потоа ја разгледуваме можноста од вторник да ги прекинеме работите на другата лента за да се овозможи непречен сообраќај на двете ленти во текот на месец август за да се избегнат долгите редици во екот на туристичката сезона и зголемениот проток на автомобили. Работите на тунелот ќе продолжат во септември, а датумот на завршување на работите исто така ќе се помести, пишува Груби.

Би можело да ве интересира

Стоиљковиќ објави слики од „демолираното“ БМВ оставено на сервис во времето на Груби

Катерина Ѓуровски

МВР истражува дали бегството на Груби било организирано

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега