Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска истакна дека има задача да служи на сите граѓани, потенцирајќи дека најважната обврска е спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и обезбедување потполна рамноправност и кохезија за сите граѓани.
Груби рече дека активно ќе придонесе во спроевдувањето на политиките кои ќе ги развијат вредностите на нашето општество и меѓуетничките односи, толеранцијата, неселктивната правда, истите можности и културната комуникација.
Тој вели дека ќе ја зголеми динамиката на Законот за употреба на јазиците, ќе ја комплетира Агенцијата за употреба на јазиците и Инспекторатот за употреба на албанскиот јазик.
-Ќе соработувам со сите колеги за зголемување на квалитетот на образованието и културата како области кои придонесуваат за зближување на граѓаните. Ќе соработуваме и со бизнис секторот за поддршка на меѓуетнички односи вредноста на толеранција и почитување, правична и соодветна застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини за да се искористи целокупното човечки потенцијал, рече Груби.
Како прв заменик на претстедателот на Владата надлежен за коородиниција меѓу политилките ресори, Груби рече дека обврска му е да се грижи за спроведувањето и на Охридскиот рамковен договор, но и за добра и ефикасна кохезија на општеството еднакво за сите.
Во соработка со министерот за информатичко општество и администрација, Груби рече дека во најкус можен рок ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции.
-Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледат и да ја градат во нашата земја. Ќе почнеме да ги мониторираме потребите реформи за потполна рамноправност на граѓаните, вклучувајќи ја и неселективната правда преку ветинг, рече тој, додавајќи дека не може да постои една правда за едниот, а друга правда за другиот.
Тој додаде дека гласот на секој граѓанин е глас за мир, стабилност, евроатланска ориентација на земјата, успешно управување со економско здравствената криза за преродба на домашната економија за нови и добро платени работни места, за правна неселективна држава и ветинг за сите, за чиста и здрава животна средина, за функционална инфраструктура за култура по угледот на европската култура и за образование кои младите генерации ги подготвува за подобра сегашност и подобра иднина.
-Како прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците заедно со моите соработници пред нас имаме света и суштинска задача да ја спроведеме агендата за која сме должни пред граѓаните со нашите максимални напори преку ефективно спроведување на најдобри можни резултати. Сето ова заедно со начелото на искрено партнерство и консензуалност ја направија оваа Влада издржлива и силна, направија оваа Влада да го претставува целото наше општество со сите наши карактеристики, рече Груби.