Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби потврди дека негов заменик за функцијата прв заменик на премиерот во преодната влада ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-На предлог на Социјалдемократскиот сојуз мојот драг колега Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот Талат Џафери, што е и логично впрочем затоа што тоа е концептот – првиот заменик премиер да биде од коалицискиот партнер. Ако премиерот е од ДУИ првиот заменик да биде од СДСМ, ако премиерот е од СДСМ, првиот заменик да биде од ДУИ. Убеден сум дека ќе ја изврши работата доследно рече Груби, на новинарско прашање при учество на настан за завршување на обновата на патот Скопје-ГП „Блаце“.

Присуството на настанот на функционери од ДУИ според него не го прават настанот партиски и тие дошле, како што рече, за да се радуваат на завршен проект“, а не да ја покријат герила акцијата на членови на опозицискиот Европски сојуз за промени, што се одржа паралелно со активностите за заокружување на обновата на патот.

-Тие позади кога беа мои фанови беа покреативни, сега веќе не се креативни. Наместо да понудат што ќе направат подобро за граѓаните, доаѓаат да направат упад. Ова се сите членови кои се избрани од Владата и кои во програмите ветиле целосна реконструкција на патот Скопје-Блаце и затоа сме сите заеддно тука затоа што се радуваме на завршен проект, рече Груби.

Би можело да ве интересира

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

Филков: Итно да се провери дали има одговорност кај судијата и обвинителот кои му одредија куќен притвор на Артан Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

Левица: Куќниот притвор на Груби прв резултат на обвинителството раководено од кадри на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски