Груби: „Алијансата на Албанците“ сака да влезе во институциите низ мала врата

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, вели дека интерпелацијата и враќањето на опозицијата во Собранието ќе биде придобивка за приближување кон НАТО и ЕУ. Според Груби, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се залагале за оваа определба.

„Овие министри не се на СДСМ и ДУИ, туку на Владата и граѓаните. Гледам дека колегата од албанската опозиција ја поддржува интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е во ред, ја гледаме романсата меѓу Илија Димовски и пратениците на ‘Алијансата на Албанците’. Тој што никогаш не ја добил довербата на Албанците, не знае како достојно да ги претставува во институциите. ‘Алијансата на Албанците’ сака да влезe во институциите низ мала врата“, вели Груби.

Тој тврди дека „Алијансата на Албанците“ не знае како треба да бидат претставувани Албанците во институциите. Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ да разговараат со претседателот Ѓорге Иванов за да се потпише законот за јазици.

„Тоа што претставник на мала албанска партија ги нарекува неписмени 90 проценти од Албанците и 60 проценти од Македонците, не е дозволиво. Не е дозволен ваков однос од претставник на мала опозициска албанска партија. Тој треба да побара збор и да се извини“, вели Груби, коментирајќи ја изјавата на Зијадин Села.​

Артан Груби смета дека Владата ќе биде наградена од граѓаните за спроведените реформи. Тој на пратениците ВМРО-ДПМНЕ им кажа дека на 17 април Македонија ќе ја добие првата препорака за во Европската Унија, а после тоа, тој посакува преговори за влез во Унијата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски

Филков: Итно да се провери дали има одговорност кај судијата и обвинителот кои му одредија куќен притвор на Артан Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

Левица: Куќниот притвор на Груби прв резултат на обвинителството раководено од кадри на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски