Гркот Кефалојанис не дојде да сведочи за „Маѓар телеком“

Од:

Во кривичниот суд повторно беше одложено судењето за предметот „Маѓар телеком“. Гркот Михалис Кефалојанис не се појави да сведочи во судот. Судијката Ленка Давиткова констатира дека не е постапено по замолницата која судот преку Министерството за правда ја испратил до грчките власти.

Обвинителката Лиле Стефанова предложи на следното рочиште на 19 ноември да бидат повторно повикани Слободан Богојески и Михалис Кефалојанис како сведоци.

Со писмен поднесок обвинителката Лиле Стефанова ќе го информира судот дали треба да биде прифатен предлогот да биде сослушан експремиерот Владо Бучковски како сведок.

Во предметот кој се суди од 2011 година обвинети се тројца ексдиректори на „Телеком“ Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Ана Ололовска

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Титаник 3“ и „Маџар телеком“

Ана Ололовска

Нови рочишта за Титаник, Т.Н.Т., Ласкарци и Маџар Телеком

Ана Ололовска

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено за 28 ноември

Ана Ололовска