Грипот ја зафати Македонија

Од:

Расте бројот на заболени од грип. Според последните податоци објавени од Институтот за јавно здравје, во последната недела од ноември имало нови 193 лица со симптоми на грип, што во споредба со претходната недела е зголемување за 22 процента.

Вкупниот број заболени од почетокот на сезоната изнесува 883 лица од кои најголемиот број – 356, се регистирани во Тетово. Лани истиов период имало вкупно 371 заболен на целата територија на Македонија.

Сезонава засега не се регистирани смртни случаи како последица од грип.

Од материјалите анализирани во лабараториите на Институтот за јавно здравје, кај 7 пациенти било утврдено присуството на грип, од кои кај тројца – вирусот од тип Б, а кај четири – вирусот А .

Би можело да ве интересира

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он