Грчева: Каде во светот се слави губење на државноста?

Од:

„Како политичка партија, изразуваме длабока горчина на годишнината од денот кога пред скоро три децении, во огромен број народот се определи за самостојна и суверена држава, Република Македонија. Со тоа беше крунисан вековниот стремеж на сите генерации пред нас.

Но, за жал, за голем дел од македонскиот народ, значењето на 8 септември е девалвирано, по промената на Уставот, промената на уставното име на државата Македонија и бришењето на македонскиот идентитет. Тоа е сторено насилно, спротивно на јасно изразената волја на народот на минатогодишниот референдум и, секако, спротивно на одлуката донесена на единствено важечкиот референдум од 1991 година. Денес, поради прифатените штетни меѓународни договори, не можеме да зборуваме дека Македонија е суверена држава. На ниту една суверена држава никој друг не ѝ ја пишува историјата, ниту и ги брише историските симболи..

Годинешново одбележување на Денот на независноста потсетува на чиста горчина, зашто веројатно сме единствениот народ што се откажал од своите стекнати права. Посакуваме и работиме на тоа да, наредниот празник го празнуваме во навистина суверена и самостојна Република Македонија. Тоа денес не сме“, се вели во соопштението на Солза Грчева од Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски