Грантови за промовирање меѓуетничка интеграција во образованието

Од:

Министерството за образование денеска ќе ги објави одобрените програми за доделување на средства за реализирање на активностите кои се однесуваат на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието.

Јавниот повик за доделување на парични средства за организирање на активности за вкупно 60 програми во основно образование и вкупно 20 програми во средно образование, како што се наведува во соопштението на МОН, е објавен на 17 ноември мината година, а Комисиите одобриле вкупно 49 програми од училиштата од основно образование и 14 програми од училиштата од средно образование, кои ќе бидат објавени на веб страницата на МОН.

Министерот Лутфиу вели дека овие активности можат да бидат предвидени во склоп на воннаставните активности или во склоп на редовната настава, а за релизација на истите училишта можат да се стекнат со парични средства во висина до триесет илјади денари.

– Во квалитативна смисла од програмите се очекува планираните активности да имаат за цел интеракција на етнички/јазично мешани групи учесници во балансирани групи учесници според етничката припадност, полот и возраста. Во интеракцијата учениците од еден наставен јазик/едната етничка група контактираат со учениците од другиот наставен јазик/другата етничка група, со рамноправен третман на учесниците, постигнување конкретни заеднички цели со учество на сите застапени етнички заедници, вели Лутфиу.

Комисијата за доделување на средства на основно образование и Комисијата за доделување на средства за средно образование направиле евалуација на програмите од сите пријавени училишта од аспект на исполнувањето на квалитативните показатели и задоволување на барањето на Јавниот повик.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование