Граѓанските организации ќе можат да го измерат сопственoто влијание

Од:

Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, создаден е Инструмент за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството, кој што ќе биде претставен денеска на конференција на која што ќе бидат споделени и резултатите од истражувањето спроведено во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.

Инструментот ќе може да измери колкав е реалниот импакт на граѓанскиот сектор во продуцирање позитивни општествени промени, дали нивните експертизи и инпути се широко пречекани од институциите во креирањето стратегии во различни сфери и дали се перципирани како сојузници.

– Општествените феномени имаат многу сложена, а воедно и апстрактна структура која не е едноставна за мерење. Но, ако сакаме да дознаеме дали нашите активности се ефикасни и пожелни, треба да настојуваме да употребиме методологија која е соодветна за тоа. На граѓанските организации им се потребни сознанија кои сегменти од нивното функционирање се корисни и носат промени, а во кои сегменти им е потребно подобрување. Ова ќе го понуди инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени кој што го искреира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, појаснува Мариа Доневска, координатор на проектниот тим.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и панел дискусијата „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, а ќе дебатираат Ило Трајковски, професор на Институт за социологија при Филозофски факултет, Нано Ружин, ректор на Факултет за политички науки и дипломатија, Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, Моника Божиноска, проектна координаторка во „Цивика мобилитас“ и Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска