Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Од:

Со креативни работилници и над триесет настани денеска во градскиот парк во Скопје по повод „Денот на граѓанските организации“ организиран од Цивика мобилис, посетителите имаа можност да се информираат токму за овие граѓански организации и нивните активности, да артикулираат идеи и да планираат заеднички општествени акции.

Програма на фестивалот е разновидна, а годинава е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19

Фестивалот се поклопува со Светскиот ден за борба против сиромаштијата, па затоа неколку организации организираат и собирање на прехрамбени артикли и облека кои ќе бидат донирани.

Животната средина и климатските промении овој пат ќе бидат застапени преку презентации и квизови, а дел од организациите, своите настани ќе ги посветат на здравјетопреку презентација за самопреглед на дојка, тестирање за ХИВ, до активности за заштита на менталното здравје и арт терапија. „Педала“ ќе организираат образовна работилница за основите на одржување на велосипед, а заедно со учесниците ќе работат на поправка навелосипед кој потоа ќе биде дониран.

Според министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска учествуваше на дебата на фестивалот, граѓанските организации остануваат силен партнер на Владата во носењето на сите важни одлуки. Тоа, како што рече, било така и изминатиот период кога се носеле мерки за справување со здравствено социјалната и економска криза предизвикана од Ковид-19.

-Граѓанските организации и партнерите брзо се реорганизираа со појавата на пандемијата. Целиот изминат период со граѓанските организации и инспекторатите имавме успешна координација и тоа придонесе за заштита на работните места. Владата покажа дека носи мерки во заштита на здравјето на граѓаните. Се прави баланс меѓу заштитата на здравјето но и течење на останатите процеси како економијата, образованието и другите процеси, рече Царовска.

Министерката ги повика граѓанските организации да се вклучат во креирањето и поддршката на реформските процеси за квалитетно образование.

На фестивалот денеска свое обраќање имаше и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, која посочи дека годинава фестивалот е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19 и многу е важно да се прикаже солидарност.

-Оваа година фестивалот е посветен на одбележување на придонесот на организациите на граѓанското општество во борбата против Ковид-19, исто така да се сетиме на сите оние кои го загубија животот од коронавирусот но и да покажеме дека организациите на граѓанското општество ќе продолжат со својата редовна работа и ќе се придржуваат на приоритетите на своите програми, рече амбасадорката.

Таа додаде дека годишниот фестивал на Цивика мобилитис собира рекордни 86 организации на граѓанското општество, и со толку голем број се покажува дека е возможно да се почитуваат мерките за безбедност додека се прикажува работата и активностите на организациите на граѓанското општество.

Најважно, според неа, е дека е можно за организациите на граѓанското општество да стапат во директна комуникација со граѓаните, да го прошират своето членство, и да ја зголемат поддршката на својата работа.

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор бара Владата да ја промени одлуката со која им ја намали поддршката за 525.000 евра

Ана Ололовска