Дваесетина граѓански организацации од Македонија денеска ќе ги презентираат своите успешни модели на партнерства со локалните/националните власти на втората Национална конференија за граѓанско општество „Научени лекции по спроведување на проектите од Грантовата шема АКТИВИРАЈ“.
Како што информираат организаторите „ПРЕДА Плус“, овие граѓански организации, пред една година, добиле грантови од „Активирај – Програмата за мали грантови“.
Проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации“ го реализира Фондацијата за одржлив економски развој – ПРЕДА Плус, во соработка со својот германски партнер Arbeiter-Samariter-Bund (ASB), во рамки на Програмата за Граѓанско Општество и Медиуми (Civil Society Facility and Media Programme) на Европската Унија.