Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова

Од:

Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје.

Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец осомничен за смртта на Фросина му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Граѓаните на мирниот собир и вчера запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди.

Мирен собир вчера се одржа и во Неготино, родниот град на Фросина. А протест е закажан и за утре во Кавадарци.

Освен Фросина, на 20 јануари 2022 година на пешачкиот премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена и студентката Викторија Николова, а на 3 април 2015 година студентката Фросина Цековска на пешачки премин кај Универзална сала.

Би можело да ве интересира

Одбраната на Јованов ќе се жали за висината на казната за која вели е највисока во историјата

Катерина Ѓуровски

12 години е награда за вакво убиство, мафијашки суд штити наркодилери, револт кај таткото на Фросина

Катерина Ѓуровски

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Катерина Ѓуровски

„Греота девојчето, леле што направив“ – одбраната на Васил прикажа видео од моментите веднаш по прегазувањето на Фросина

Катерина Ѓуровски

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова, нејзиното семејство бара најстрога казна