Граѓаните со домашните платежни картички најмногу трошеле во маркетите

Од:

Со домашните платежни картички што ги добија над 276 илјади граѓани, заклучно со 18 јули се направени над 1,2 милиони транскации, од кои најголем дел се во маркети (89%), ресторани и храна (5%) и за текстил, облека и обувки (3%), објави на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.

Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18 јули e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени 17,7 милиони евра, преку купување македонски производи и услуги.

– Домашнaта платежна картичка има повеќекратен бенефит за граѓаните и економијата: ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, придонесува за раздвижување на економската активност, придонесува за безготовинско плаќање, пишува Ангеловска, појаснувајќи дека банките ќе продолжат да издаваат и доставуваат домашни платежни картички и во текот на оваа недела.

Во меѓувреме, како што посочи, се финализираат последните приговори од Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Ангеловска: Домашната платежна картичка ја искористиле 309.337 граѓани, вкупниот промет 26,5 милиони евра

Ана Ололовска

Ангеловска: Домашна платежна картичка користат 305 илјади граѓани, до август потрошени 23 милиони евра

Жарко Настоски

Истекува рокот за издавање на домашната платежна картичка, граѓаните да ги искористат до 15 август

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на законитоста на издавањето домашна платежна картичка

Жарко Настоски

Ангеловска: Исплатени 14 милиони евра за домашната платежна картичка, се решаваат приговорите

Жарко Настоски