Граѓаните фрлаа јајца и камења кон куќата на сопственикот на дискотеката во која загинаа 59 лица

Од:

Граѓаните што протестираа во Кочани од пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани, се упатија кон домот на градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.

Попатно беше демолирано возило на Карго експрес, компанија за која сопственикот на дискотеката „Пулс“ е претставник за Кочани.

Лицата што протестираа го пробија кордонот полицајци пред домот на Папазов, бараа одговорност, а неговата куќа беше гаѓана со јајца и камења.

На денешниот протест во Кочани граѓаните, меѓу кои и многу млади лица, побараа правда за своите блиски кои ги изгубија во пожарот и виновниците да ги добијат казните што ги заслужуваат.

Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“…. Потоа се упатија пред општинската зграда каде фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Апостолов: Во „Пулс“ гореа плафонот, шанкот и бината, имаше сандаче за хидрант со црево, ама немаше вентил

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо