Граѓани, роднини и пријатели вечерва во Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“

Од:

Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ вечерва на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќи им оддаваат почит на 62. жртви, меѓу кои и петмина штипјани.

Градскиот плоштад „Слобода“ вечерва е полн со граѓани, кои со тага, болка и непребол им оддаваат почит на загинатите во најголемата трагедија во поновата македонска историја, која се случи точно пред шест месеци.

Семејствата на загинатите, порачаа дека вечерашниот настан е да им се испрати светлина на починатите во „Пулс“.

-Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени! Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас! Ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови, велат семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Во оваа дискотека во Кочани на 16 март годинава животите ги загубија 62 млади луѓе, од кои поголемиот дел беа на возраст од 24 и 26 години.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски