Граѓани од Велес се здобиле со скршеници по паѓање на снегот

Од:

Во изминатите три дена во Хируршката дневна болница при Општата болница во Велес лекарска помош побарале пет граѓани кои при пад на мразот се здобиле со фрактури на екстремитетите. По укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Портпаролот и главна сестра Марина Андова изјави дека во изминатите три дена и 18 граѓани се здобиле со нагмечувања по телото.

– Од овој број во текот на денешниот ден поради скршеница на екстремитетите за здравствена помош во Велешката општа болница се јавил еден граѓанин, а со нагмечувања по телото тројца, појаснува Андова.

Таа апелира до граѓаните внимателно да се движат по големиот дел од замрзнатите улици и тротоари, а посебно по високите делови од градот.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско