Градското Собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знамe во чест на жртвите од Кочани

Од:

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија ќе биде осветлено во црвена и жолта боја, боите на македонското знаме, од вечер во 20 часот, до вторник наутро во 6 часот, по локално време, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани.

Во објавата споделена на фејсбук профилот на македонската православна црква на Пресвета Богородица во Лос Анџелес, се упатува повик за присуство на овој настан за оддавање почит на жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани.

– Изразуваме длабока солидарност со луѓето во Кочани, со глобалната македонска заедница и со сите погодени, додека продолжуваме да жалиме за оваа срцепарателна загуба. Оваа трогателна почит, која се оддава на три месеци од несреќата, ќе биде потсетник дека нашето единство и сочувство, дури и преку океаните, остануваат непоколебливи. Искрено му благодариме на градскиот советник Сото – Мартинез од областа 13, на неговиот прекрасен тим и на градот Лос Анџелес за нивната солидарност со македонскиот народ, стои во објавата на фб профилот на македонската црква.

Градскиот советник Хуго Сото – Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, Македонија, изразува зжалење за загубата на 62 животи и солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина.

– Македонската заедница во Атвотер Вилиџ и пошироко низ Лос Анџелес, иако малубројна, е енергична и длабоко вкоренета уште од 1960-те години. Како град длабоко жалиме за загубените 62 животи во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ и ја изразуваме нашата солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина, напиша на својот фб профил градскиот советник Сото – Мартинез во областа 13.

На 16 јуни се навршуваат три месеци од трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март во раните утрински часови, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. По завршување на истрагата 34 физички и три правни лица се обвинениети за тешки дела против општата сигурност.

Би можело да ве интересира

Се урна тунел во Лос Анџелес: Спасени се повеќе од 30 работници

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Ивона умре сама, без помош, без човечност, ја најдовме оставена во болницата – семејството Антови за ќерката која настрада во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Преку Support Kocani набавена и втора пратка компресивна облека за 17 повредени во „Пулс“

Катерина Ѓуровски