Градоначалникот на Крушево се откажува од платата, ќе ја уплати во фондот за борба против Ковид-19

Од:

По градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се откажува од платата и вели дека разликата од неговата плата до 14.500 денари ќе ја уплати во фондот за борба против Ковид-19.

„Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19. Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност. Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема“, напиша градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Христоски: Ние не се служиме со празни зборови, туку со конкретни проекти и конкретни дела

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Притвор за крушевчанец – две години ја демнеше поранешната сопруга

А1он

Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Горан Наумовски

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски