Градоначалникот на Делчево на утринска молитва по повод Курбан Бајрам

Од:

По повод муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, денеска градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски присуствуваше на утринската молитва која се одржа во Џамијата Мехмед Фатих II.

Честитајки им го празникот на верниците Трајковски истакна дека со ваквите чинови ќе продолжат заложбите за прокламирање меѓуетнички соживот помеѓу различните врски заедници.

– Денес присуствував на молитвата која што ја имаат верниците од муслиманска вероисповест по повод нивниот празник Курбан Бајрам. Како градоначалник со моето присуство на нивната молитва сакаме да покажеме дека тоа што го прокламираме за меѓуетнички соживот, сакаме и да го градиме во реалноста, односно сите да го градиме општеството во кое живееме. Ја користам приликата на сите верници од муслиманска вероисповед да им го честитам празникот Курбан Бајрам, рече Трајковски.

Курбан Бајрам е еден од двата големи празника кои претставуваат ден на радоста и жртвувањето, истакна Сефадин Селимовски, оџа во џамијата во Делчево.

– Курбан Бајрам доаѓа како завршно дело и дело на радоста, но и ден на жртвувањето. Жртвувањето не е само симболика, човекот се жртвува и телесно и духовно. Телесно во смисла на тоа да човекот го користи своето тело да помогне на некого, да му се најде на некого кога има мака, а исто така и духовно да се бори со злото кое го носи во себе, рече Селимовски.

На покана на домаќините по завршувањето на молитвата, Трајковски беше пречекан со баклава, традиционално јадење кое се служи за Курбан Бајрам.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он