Градежната инспекторка од Куманово која примила мито доби 30 дена притвор

Од:

Основниот суд Куманово по предлог на обвинителството определи притвор во траење од триесет дена на градежната инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРСМ.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судот со решение и определи притвор во траење од 30 дена.

– Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице, градежен инспектор во Општина Куманово, сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист. Уште во текот на август годинава таа извршила увид на самото место на градба лоцирана на улицата „Доне Божинов“ и констатирала отстапување од одобрението за реконструкција на објект. Наместо согласно своето службено овластување да изготви записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на доградените делови на објектот, од оштетениот изведувач на градбата директно побарала да и даде поткуп во износ од 1.500 евра, велат од обвинителството.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека откако во септември, пријавената била разрешена од функцијата, раководител на градежна инспекција и била назначена за овластен инспектор отишла во контрола на друг објект во изградба каде управител на фирмата изведувач повторно бил оштетениот.

– И таму констатирала неправилности во фаза на градба-отстапување на одобрение за градење, но повторно не составила записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на констатираните недостатоци на градбата, туку се сретнала со оштетениот и побарала поткуп дополнително уште 2.500 евра или вкупно 4.000 евра за двата објекти. Парите и биле исплатени во целост во готовина на рака на 1 ноември, годинава, со што пријавената се стекнала со противправна имотна корист, велат од обвинителството.

Полицијата вчера ја уапси инспекторка од Куманово при примање мито.

– На 25 септември, годинава граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври, годинава ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово, информираа вчера од полицијата.

Би можело да ве интересира

Финасиска полиција ќе ја испитува набавката на горива за ЈСП

Катерина Ѓуровски

15-годишник избодел двајца тинејџери, се бара пртивор

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи суспендиран, против него е отворена истражан постапка

Катерина Ѓуровски

23-годишен битолчанец нападнал и се обидел да силува две девојки

Скопјанецот кој прегази жена во Марино возел дрогиран

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство во Арачиново

А1он