Гостиварец починал додека управувал возило

Од:

Полицијата извести дека вчера во 2.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал возило „форд“ му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ паркирано од А.С.(62) од Гостивар.

Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.

Би можело да ве интересира

Во мотел во Скопје починал 38-годишен маж

Во Дом за стари лица во Скопје починал маж

Тетовец паднал и починал додека работел

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

49-годишен скопјанец почина на работното место

Горан Наумовски

Скопјанец починал на Клиниката за токсикологија