Гостиварец остана без 200.000 евра, Нигериец и Литванци го измамиле за изградба на фотоволтаици

Од:

МВР информира дека денеска во СВР Тетово 58- годишник од гостиварско пријави дека бил измамен за 200.000 евра од Е.И.Ј.(47) од Нигерија, Б.А.(45) и Л.Ј., двајцата од Литванија, кои ги запознал преку Љ.С.(58) од липковско село, а во врска со изградба на фотоволтаици.

Според пријавеното, оштетениот уплатил 200.000 евра во текот на 2023 година, и тоа во Хрватска, Шпанија и Германија, со договор дека и тие ќе вложат 50 милиони евра во заедничката инвестиција.

Но, тие не ги вложиле парите, а откако ги проверил договорите и видел дека не се заверени на нотар, сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он