Гореше Градската депонија на Велес, а бел чад се ширеше кон градот

Од:

Градската депонија на Велес денеска цел ден гореше, а бел опасен чад се ширеше кон градот. Пожарот со вода го гасеа екипи на Противпожарната единица и ЈКП „Дервен“ кое стопанисува со депонијата кои со булдужери затрупуваа со земја.

Како што информираат од ЈКП „Дервен“ пожарот попладнево е веќе локализиран, но самото гаснење е отежнато поради составот на запалената маса.

Според соопштението од ЈКП „Дервен“ причината за пожарот се високите температури и депонискиот гас што го испушта отпадот.

Општинскиот инспектор за животна средина Билјана Шуркова Манаскова во изјавата за медиумите потенцира дека причините за пожарот како и во изминатите лета на градската депонија се високите температури и депонискиот гас, но не го исклучува и невниманието од човечкиот фактор.

– Велес има најзагаден воздух кога гори депонијата. Кога гори отпад во амбиенталниот воздух се ослободуваат најтоксичните материи – дуксини и фурани кои што имаат и канцерогени својства. Затоа како општина се трудиме кога ќе имаме ваква несакана појава и правиме напори што побрзо да го локализираме пожарот, појасни Шуркова Манаскова.

Воедно најави санирање на состојбите и преземање на мерки за да не дојде до повторно опожарување на депонијата.

Градската депонија во Велес гори секое лето, а решението е изградба на регионална депонија каде ќе има селектирање на отпадот. Локалните власт апелираат за изградба на стандардна регионална депонија кај Росаман која би чинела 20 милиони евра, а која засега е само во техничка документација.

Со нејзина изградба и селектирање на отпадот ќе се спречат пожарите на велешката депонија, а ќе се заштити и здравјето на граѓаните на Велес од токсичните материи, посочуваат од општинскиот инспекторат за заштита на животната средина.ад

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес