Гореле куќа и слама во кумановско

Од:

Два пожари се случиле вчера на подрачјето на кумановско, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен. Припадниците на територијалната противпожарна единица интервенирале на опожарена слама и на куќа во кумановска населба.

– Првата на опожарена копи слама, складирана во напуштен објект на поранешен ЗИК Куманово РЕ краварство во село Љубодраг. Интервенирано е во 07:10 часот со три противпожарни возила и шест пожарникари. Пожарот е ликвидиран и завршен во 09:35 часот, причината како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува, информира РЦУК Куманово.

Пожарникарите гаселе пожар на семејна куќа во населбата „Перо Чичо“ во периодот од 12:30 до 13:05 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари. Причина за пожарот била неисправна електрична инсталација, соопштија од РЦУК Куманово.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице