Горат Коледарските огнови низ Велес

Од:

Во дворот на семејството Гајдови, кај Потокот, традиционално петнаесет години се пали коледарски оган.

Домакин е Кире а покрај него се неговите пријатели и роднини. Од година во година има и нови почитувачи на традицијата. Вечерва таму се Ѓоре, Тале, Дејан, Петре, Горан, Благој, Панче, Трајче, Драги и останатите пријатели од населбите Дворови, Нова Населба и Потокот. Покрај Коледето сите држат чашка греана ракија и пеат староградски велешки песни.

„Ги сакам и почитувам луѓето, затоа јас секоја година сум традиционален домаќин на Коледето. Ги прилагодувам и службените патувања на датумот 5 јануари кога мора да сум дома. Тогаш во мојот двор сите заедно го палиме огнот и во овие неколку часа уживаме во муабет, песна, посни јадења и греана ракија. Овде се вадат и гитарите и се пее мераклиската песна. Овде со нас се и децата на кои сакаме да им ја пренесеме традицијата која во Велес се почитува стотици години наназад. Вака во очи на Бадник и раѓањето на Исус Христос го славеле овој празник мојот дедо, татко ми, сега продолжувам јас а по мене и моите деца. Вака во Потокот е со децении се слави, рече Кире.

Извор: Дума

Би можело да ве интересира

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес