Горан Минчев во Кочани: Поддршка за советничката листа и за Грозданов

Од:

Генералниот секретар на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев, денеска беше во посета на Кочани, каде даде силна поддршка на советничката листа на ЗНАМ под реден број 2, како и на натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов.

Минчев во изјава за Радио Кочани истакна дека Движење ЗНАМ е партија од граѓаните и за граѓаните, која своите политики и програми ги темели врз основа на реалните потреби и идеи на луѓето. Програмата за Кочани, како што нагласи, е резултат на директни разговори со граѓаните и нивните предлози за подобар, поуреден и поперспективен град.

Тој повика кочанчани да ја дадат својата поддршка за носителот на советничката листа, Суад Мехмед, како и за целата советничка листа на Движењето ЗНАМ, под реден број 2, која, како што рече, ќе биде гласот на чесните, вредните и посветените луѓе во Советот на Општина Кочани.

Минчев ја истакна силната поддршка за натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов, кого го опиша како чесен човек,
професионалец со визија и енергија за вистински промени.

„На 19 октомври, Кочани ќе избере нов почеток – со луѓе кои знаат, можат и сакаат повеќе. Со д-р Грозданов, Кочани ќе стане пример за чесно и одговорно управување.“ – порача Минчев во изјавата за медиуми.

Би можело да ве интересира

Минчев: Реформата на јавната администрација е реформа на државата

Катерина Ѓуровски

Минчев: Подобрениот ПВР процес е основа за поквалитетни закони

Минчев: Св. Климент Охридски е наш потсетник на заемна поддршка и морални вредности

Минчев: Стоп за партиските вработувања

А1он

Минчев: Департизирана, професионална и европска јавна администрација

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми