Голем интерес на прилепчани за фаќање на крстот на Богојавление-Водици

Од:

Прилепското намесништво ги завршува подготовките за чествување на големиот празник Богојавление-Водици. Според отец Благоја Станкоски голем е интересот на прилепчани кои ќе учествуваат на празникот Богојавление-Водици за да го фатат светиот крст кој в сабота напладне ќе се фрла во водите на Аква паркот во комплексот на прилепскиот хотел „Салида“.

– Изутрината од 4 часот во сите прилепски православни храмови ќе се служи божествена литургија, а напладне во Аква паркот е традиционалното фрлање на светиот крст. Пријавени се 98 прилепчани што е за 30-ина повеќе од лани. Во намесништвото имаме пријавени од сите возрасти. Најмладите, девојка и момче, имаат по 13, односно 15 години, а највозрасниот е 50-ина години. Најсреќниот црквата го наградува со икона „Крштение Исусово“, објаснува Отец Станкоски, нагласувајќи дека може и други да се пријават пред самиот чин на фрлањето на крстот в сабота на Богојавление-Водици.

Најсреќниот преилепчанец ќе добие подароци и од прилепската локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје