Годишна изложба „Археолошка Македонија 2012“

Од:

Во Музејот на Македонија вечер ќе биде отворена шестата годишна изложба „Археолошка Македонија 2012“.

На изложбата ќе бидат презентирани вредни предмети што археолозите ги пронајдоа во тек на годинашните археолошки истражувања на локалитетите Исар Марвинци, Стоби, Хераклеја и Баргала. Во текот на истражувањата се откриени над 50.000 движни предмети кои датираат од 8 век пр.н.е. до крајот на ранохристијанскиот период (5-6 век). На изложбата се презентирани повеќе од 3.200 вредни артефакти.

Изложбата ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Би можело да ве интересира

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг