„Носителот на листата во изборната единица број 1, Павле Трајанов, заедно со поголемиот дел на кандидатите за пратеници од листата на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, денеска одржаа митинг во Сопиште.
Деновиве кај левиот блок предводен од СДСМ, но посебно кај десниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, присутна е вознемиреност од позитивниот прием кај граѓаните на Коалицијата за Промени и Правда и нашите кандидати за пратеници, поради што ја започнаа нечистата кампања, да ги повикуваат граѓаните, да не гласаат за нас, заради наводно да не оди гласот во празно и сл.
Граѓаните имаат избор или да гласаат за веќе видено односно за партиите кои 25 години се менувaат на власт или за Коалицијата за Промени и Правда како трет блок, кој добива се поголема поддршка, затоа што гласот за нас е глас за промени, стабилност и прогрес.
Тие што досега гласале за ВМРО-ДПМНЕ или за СДСМ, ако е изневерени и разорчарани, посебно неопределените и тие што досега не гласале, ги повикувам да излезат и да гласаат за кандидатите на Коалицијата за Промени и Правда.
Граѓаните можеби се тивки, но сигурен сум дека, сите поединечно го кројат истиот план, на 11-ти Декември да излезат и да направат прв пат пресврт, да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда, да гласаат за тим кој е гарант за владеење на правото.
Оваа коалиција ќе биде победник во Скопје и секаде во Македонија.
Гласањето е тајно и тоа право è заштитено. Ако некој се обиде да дознае кој како гласал му следува казна од најмалку 3 односно 5 години затвор.
Јас сум сигурен дека граѓаните не се плашат и уште посигурен сум дека режимот ќе падне.
Ние сме гарант за стабилност, сплотеност и единство, затоа што ќе обезбедиме законите да важат за сите подеднакво.Тие што го ограбија народот и ги принудија младите да ја напуштат родната земја мора да ги поразиме.
Предвидуваме системски промени со кои одговорноста на премиерот и министрите е прво место.
Ќе го демонтираме овој еднопартиски, авторитарен и коруптивен систем и ќе воспоставиме власт на народот. Македонија ќе биде една изборна единица.
Со економската програма обезбедуваме добри биснис услови за домашните компании, пред се за оние кои ќе градат фабрики и нови производствени капацитети.
Предвидуваме 800 милиони евра за развој и 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите. Од овие средства ќе има доволно и за отворање нови бизниси и поддршка на вистинските замјоделци.
Анализите покажуваат дека има услови за минимална-најниска плата од 300 евра и формирање фонд за поддршка на текстилната и кожарската индустрија.
Повисоките плати ќе ја зголемат продуктивноста и ќе биде основа работодавците од странство, многу повеќе да го ценат трудот на работниците .
Со војна против криминалот, робусни антикорупциски мерки ќе спречиме и натаму да грабаат од нродот.
Централизирани јавни набавки, силни антикорупциски мерки, кастрење на непродуктивни трошења (споменици, тркала и сл. ), војна против криминалот и сл., ќе се заштедат доволно пари и за минимална пензија од 200 евра и социјална помош од најмалку 100 евра.
Објавуваме војна против криминалот и доследна имплементација на проектот ДЕКРИ.
Украдените пари ќе ги вратиме на народот, криминалците во “Бизнис центарот” во Идризово и забрана од најмалку 10 години да не можат да бидат функционери.
Од колачот треба да има пред се за тие што работат, произведуваат, ја чуваат границата, го одржуваат редот, за докторите и медицинскиот персонал, за професорите, негователките во детските градинки итн.
Граѓаните од Сопиште, но и Скопјани, како и сите граѓани во Македонија, се чувствуваат несигурни. Ние ќе ги вратиме ПОЗОРНИКАРИТЕ-ПОЛИЦАЈЦИ, во населбите, во селата и во градовите, ќе ги вратиме меѓу нас на улиците, во вашето маало.
Сакаме да направиме и други работи кои го подобруваат квалитетот на животот:
-Работното враме да почнува од 7 часот
-Само 100 денари такса за остварување право пред судовите (сега се потребни 10.000 евра)
-Намалување на паричните казни за две третини
-Укинување на радиодифузната такса и реформа на МТВ во јавен сервис
-Поддршка на секој земјоделец кој произведува, а не на таканаречени концесионери-бандити кои ги експлоатираат вистинските земјоделци.
Предвидуваме рез во судството и обвинителството.
Целосна поддршка за СЈО, тоа да работи законито, стручно и транспарентно. Нагласуваме дека, тие што ја спречуваат правдата ќе платат висока цена, без разлика дали се политичари, судии, обвинители или партиски високи функционери во МВР.
Македонија за мандатниот период од следните четири години ќе биде полноправен член на НАТО и ЕУ, без да го менуваме Уставното име.
Ние сме за Унитарна Македонија, во која слободно се живее и во која ќе владее правото и цивилизациските вредности.
Сопиште има бројни проблеми, со години ги кршат своите коли по лошиот пат, нема канализација во повеќе населби, нема вода, нема работа за младите, нема инвестиции, нема доволно детски градинки, едоставно Централната власт го има отпишано народот од овој регион кој 25 години гласа за нив. Но на се има крај.
Ве повикувам да на направите пресврт, да гласате за луѓе кои зрачат стабилност, чесност и искрајност. Луѓе кои ќе водат малку повеќе за потребите на граѓаните.
Ве повикувам да гласате за кандитатите за пратеници, кои го носат бројот пет.
Од Колицијата за Промени и Правда многу работи ќе зависат.
Ние ви гарантираме стабилност, промени и правда.
Режимот ќе падне, гласањето е тајно, ајде сите заедно да чекориме напред, нагласи Павле Трајанов, носителот на листата во првата изборна единица“, се вели во соопштението на Колицијата за Промени и Правда.