Ѓорѓиевски: Во топ 5 приоритети на граѓаните е ЈСП „Скопје“ и неговата нефункционалност

Од:

Програмата за главниот град треба да произлегува од потребите и проблемите на граѓаните со цел да се задоволат елементарните услови за функционирање. Оваа програма ќе биде изработена прецизно и темелно, со рокови, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски оствари средби со граѓани и прибира идеи за креирањето на програмата и, како што кажа, според него, единствен и правилен начин да се креира програма е да се слушнат изворно граѓаните и од нив да потекнуваат идеите и предлозите.

Toj најави дека ќе има развојна стратегија, според која ќе има постојано обновување на возниот парк.

– Многу е важно да имаме сериозен пристап на долг рок. Сега сме во фаза на изготвување на програмата, која што ќе биде темелно изработена, ќе биде прецизно со рокови и ќе ги содржи решенијата за најгорливите проблеми. Особен фокус ќе има тоа што значи задоволување на елементарните услови за функционирање на нашите сограѓани, рече Ѓорѓиевски.

Потсети на неговите теренски посети низ општините во Скопје, а за состојбите во јавните градски претпријатија, како ЈСП Скопје“ и Комунална хигиена“ рече дека процесите треба да се планираат долгорочно.

– Во топ 5 приоритети на граѓаните е токму ЈСП Скопје“ и неговата нефункционалност. Она што треба ние да го промениме е да има состојба на долг рок, да се планираат сите процеси во градот. Да не се доведува претпријатие во колапс. Истото важи и за комунална хигиена, истакна Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена