Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски со објава преку Фејсбук соопшти дека денеска ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје – булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода.

-По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа! Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. Потоа ќе следат следните фази за изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток, со паметни и современи решенија согласно европските стандарди, напиша Ѓорѓиевски.

Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, како што посочува Ѓорѓиевски, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град.

– Сообраќајницата ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки. Ова значи дека сообраќајот ќе се одвива непречено, а центарот на градот ќе се ослободи од гужвите, станувајќи многу покомфорен, побезбеден и поуреден простор за сите. Овој за мене е еден од најзначајните проекти – симбол на новото време за Скопје! Преродбата на Скопје – започнува!, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ