Ѓорѓиевски најави нов кружен тек и инфраструктурни проекти во Бутел за безбедно, функционално и современо Скопје

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска од Општина Бутел најави низа инфраструктурни проекти кои, како што рече, се дел од системска визија за безбедно, функционално и современо Скопје. Како најзначаен го издвои изградбата на нов кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, со кој се очекува значително подобрување на сообраќајната безбедност во овој дел од градот.

-Кружниот тек што ќе се изгради овде ќе значи крај на хаосот во сообраќајот и значително намалување на ризикот од несреќи. Оваа точка е една од најфреквентните во Бутел, бидејќи улицата „Александар Урдаревски“ е сообраќаен правец што секојдневно го користат илјадници граѓани, особено поради близината до градските гробишта, рече Ѓорѓиевски.

Покрај кружниот тек, најавена е и целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со нов асфалт, подобрена дренажа, пешачки патеки и современо улично осветлување. Ѓорѓиевски нагласи дека пред почетокот на работите ќе се постави атмосферска канализација, со што ќе се реши долгогодишниот проблем со поплави при поројни дождови.

-Во насока на подобра поврзаност и функционален сообраќаен систем, ќе се реализира и проектот за поврзување на улицата „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, во близина на обиколницата. Со ова решение ќе се елиминираат постојните гужви и ризици од несреќи и ќе се обезбеди нов, безбеден и уреден влез и излез од Бутел. Посебно внимание посветуваме и на стратегиските правци, меѓу кои е и реконструкцијата на Стар Качанички пат кај Визбегово – проект од огромно значење не само за Општина Бутел, туку и за Општина Чучер Сандево. Со негова реализација директно се поддржува развојот на Економската зона Визбегово, што ќе придонесе за нови работни места, подобра логистика и економски раст на целиот регион, дополни Ѓорѓиевски.

Во план е и изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, изградба на третата лента на булеварот „Цветан Димов“ во Општина Чаир и изградба на булеварот „Хрватска“ во Општина Гази Баба.

Меѓу најзначајните и долгорочни проекти го издвои рекултивацијата на реката Серава и воспоставувањето зелени коридори по нејзината должина.

-Со оваа интервенција ќе се обнови целиот речен појас, ќе се уреди со пешачки и велосипедски патеки, автохтона вегетација и јавни содржини. Серава ќе стане чиста, безбедна и достапна зона што ќе го подобри квалитетот на живот на жителите на Бутел и на целиот град, рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на заедничката прес-конференција потсети на реализираните проекти, меѓу кои мега паркот во Радишани, плоштадот во Бутел 1, детски градинки, училиште, спортски терени, детски игралишта и информирапше дека е распишан тендерот за поликлиника во Бутел и дека Љубанци и Љуботен ќе добијат градска вода.

Најави изградба на затворени базени, Дом на култура, три нови детски градинки, две нови училишта во Љубанци и Љуботен и 150 нови улици.

Би можело да ве интересира

За неколку дена ќе бида распишана тендерска постапка за изградба на Луна паркот во Скопје

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток и изградбата продолжува со забрзано темпо

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

На 11 јануари ќе се гласа во општините каде што немаше цензус

Катерина Ѓуровски

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот